Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Излеани реки, поплавени домови, прогласена елементарна непогода

ДРАМАТИЧНО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Излеани реки, поплавени домови, прогласена елементарна непогода

Десетици станбени згради во Челиќ се под вода, издадено е предупредување за можност од поплавување на локални имоти за регионите на Бихаќ и Тузла.

Поради обилните дождови кои предизвикаа излевање на потоците и реките од коритото, општина Челиќ во Босна и Херцеговина прогласи состојба на природна катастрофа, соопшти кантоналната управа за цивилна заштита на Тузла, пренесува Анадолија.

Како последица на обилните врнежи од дожд кои во вторникот го зафатија подрачјето на општина Челиќ, се излеаја сите водотеци.


„Најтешка е состојбата во населените места Челиќ, Брњик, Лукавица, Ратковиќи и Шибошница. Според првите информации од терен, под вода се околу 30 станбени објекти и неколку помошни објекти. Голем број локални патишта беа целосно отсечени синоќа, како и неколку помали мостови кои беа уништени“, соопшти Кантоланската управа за цивилна заштита во Тузла.

Општинскиот штаб за цивилна заштита на состанокот одржан во вторникот вечерта, анализирајќи ја состојбата на подрачјето на општина Челиќ, донесе одлука за прогласување на состојба на елементарна непогода предизвикана од поплави.


Сојузниот хидрометеоролошки завод на Босна и Херцеговина издаде предупредување за можност од локално поплавување на имот за регионите на Бихаќ и Тузла.

„Бидете во тек со моменталната временска прогноза. Очекувајте помало нарушување на активностите на отворено. Бидете свесни за потенцијалот за локализирано поплавување на мал број имоти, со локално нарушување на активностите на отворено. „Тешки услови за возење поради намалена видливост и неконтролирано движење на возилата поради вода“, предупредуваат жителите на регионот Бихаќ и Тузла од ФХМЗ БиХ.


За регионот на Бихаќ наведуваат дека количината на врнежи се очекува да биде меѓу 20 и 50, а за регионот на Тузла меѓу 20 и 40 литри на метар квадратен.

Предупредување за можна појава на грмотевици е издадено за регионите Ливно, Мостар, Сараево, Бања Лука, Фоча, Требиње и Вишеград.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести