ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД ПОЖАРОТ ВО ХРВАТСКА, семејство спасено во последен момент
Видео снимка од драматична ситуација во Хрватска се прошири по интернет порталите.
Семејство опкружено со оган, кое изгледа дека нема каде да се скрие, за среќа е спасено во последен момент од спасувачките екипи кои истураат вода во нивна близина.
На видеото се слуша како меѓусебно се обидуваат да си помогнат. „Бегај, бегај“
Пожарот кој во средата избувна во внатрешноста на Шибеник и се прошири кон селото Затон ја зафати маслиновата граѓа на семејството на Дамир Т., кое за хрватските медиуми изјави дека неговиот имот во еден момент бил опколен со пожар, пренесува „Блиц.рс“.
- Речиси немаше начин да се избега. Огнениот јазик наеднаш премина стотина метри и влезе во нашите маслинови дрвја, но за среќа беа наредени, па немаше висока трева што ќе гори - изјави за Дамир Т.
- Не спасија службите кои буквално во последен момент истурија вода врз огнената линија која ни се закануваше. Благодарение на нив сега сме живи - додаде Дамир Т.
Дамир и понатаму е на линија на огнот, нема одмор за него.
- Овде ја следиме линијата на огнот што повторно ни се приближува и само чекаме да дојде повторно. Се зависи од ветерот и веројатно среќата - тврдеше Дамир Т.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, паника владеела кај жителите на Затон и Раслина, места во непосредна близина на Шибеник каде состојбата била најтешка. Дел од селаните се обиделе да се евакуираат, а дел останале да ги бранат куќите.
Токму од Затон доаѓа драматично видео од семејството на Дамир Т. како го спасува својот имот; куќа, маслинови дрвја и лозје.
Во пожарот кај Затон ангажирани се вкупно 210 пожарникари со 54 возила. Според ХВЗ, дополнителни сили пристигнале од Приморско-горската жупанија со 22 пожарникари и 6 возила, Лика-сењската жупанија со 13 пожарникари и 5 возила и од сплитско-далматинската жупанија со 9 пожарникари и 4 возила.
Според Дарко Дукиќ, пожарот што го носел ветерот брзо се проширил меѓу куќите на Затона и Раслина, поради што изгорел одреден дел од зградите.
- Пожарникарите работат на локализирање на пожарот, но густата вегетација и силниот ветер што го менува правецот го отежнуваат гаснењето - рече Дукиќ.
Фото: Принскрин/Јутуб