Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматично потфрлување: Се стопија приходите од данокот на добивка

Драматично потфрлување: Се стопија приходите од данокот на добивка

Како почна, така и заврши годината. Државата во 2019 година не успеа да ги собере планираните пари од данокот на добивка, а даночните приходи по овој основ се драстично пониски и од проекцијата, но и од приходите од данок на добивка во 2018 година.

Во бројки разликите се уште повпечатливи. Имено во буџетот за 2019 година, Владата предвидела од данок на добивка да собере 15,3 милијарди денари или околу 249 милиони евра. Иста остана проекцијата и по ребалансот кој беше скроен во втората половина од годината кога можеби и беше јасно дека собирањето на овој данок нема да ги исполни проекциите. „Скорот“ на крајот на годината е дека државата инкасираше од данок на добивка за цела 2019 само 11,5 милијарди денари или 189 милиони евра. Разликата од над 60 милиони евра кои биле планирани, а не се реализирани, засега нема објаснување. Впрочем државата успеала да собере само три четвртини од планот, односно реализирала само 75 отсто од пректираните даночни приходи по овој основ.

И ако се споредува со 2018 година исто, наплатата е пониска во 2019 година и покрај растот на вкупните даночни приходи, на расходите и оставрениот економски раст. Или ако тогаш од данокот на добивка биле инаксирани во буџетот 14,7 милијарди денари ( 239 милиони евра), лани се за 22 проценти помалку.

Кои компании имаат послаби добивки, кој сектор потфрли и каква е всушност  профитабилноста на домашните компании, лани. Јасно е само дека од тие приходи имало помалку пари и кај месечните аконтации, кај даночните биланси, но и кај задржаниот данок за странски правни лица.

Сите податоци за профитабилноста на домашните компании допрва ќе излегуваат, тие делумно ќе дадат одговори за тоа што се случува со добивките, додека слабата наплата треба да ја анализираат и креаторите на даночните политики.

Инаку според податоците, ако се споредува со 2018 година приходите од даноците лани се повисоки кај другите две ставки – кај персоналецот и кај Данокот на додадена вредност.

ДАНОЧНИ ПРИХОДИ ВО 2019 ГОДИНА


ДАНОЧНИ ПРИХОДИ

НАПЛАТA
01.01.-31.12.2019

НАПЛАТA
01.01.-31.12.2018

ИНДЕКС:
2019/2018

Данок на добивка

11,554

14,745

78,36%

Персонален данок на доход / Данок на личен доход

18,706

17,559

106,53%

Данок на додадена вредност

52,059

49,254

105,70%

ВКУПНО

82,319

81,558

100,93%


Александра Томиќ


Слично

Поврзани вести