Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматично ќе се намалат сметките за парно греење?

Драматично ќе се намалат сметките за парно греење?
Ако и до Нова Година надворешните температури бидат како што се планира, Скопјани ќе добијат драматично пониски цени за парно греење. Станува збор за околу 43.000 домаќинства. Ова за весникот „Дневник“ го потврдуваат од „Балкан енерџи-груп“(БЕГ), фирмата која е снабдител на најголем дел од Скопје со топлинска енергија. Во изминатиов период, имено по стартот на сезоната за греење температурите се двојно повисоки од планираните, според кои се правеа пресметките за авансот што граѓаните го плаќаат за топлинската енергија. Ваквата најава на БЕГ доаѓа во екот на кампањата што против сметките ја водат група граѓани исклучени од системот за парно греење. Тие редовно протестираат пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика. Бараат да се укине паушалот што го плаќаат за парно греење, бидејќи не ја користат услугата. Со ваков проблем се соочуваат околу 20.000 домаќинства во земјава. За неплатениот паушал веќе имаат тужби од компанијата “Балкан Енерџи Груп “( БЕГ) односно поранешна Топлификација. Голем дел од тужбите се пресудени во корист на компанијата, но мал дел се во корист на граѓаните. Во меѓувреме сметките се трупаат, долговите стигнуваат кај извршители неколку пати повисоки од првичната сума. Граѓаните се револтирани и сметаат дека овие сметки што им стигнуваат се противзаконски, бидејќи имаат право на избор дали ќе се греат на парно или на друг енергенс. СМЕТКИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ: Граѓаните контра БЕГ, кој е во право?
Слично

Поврзани вести