Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНО И ВО ГРЦИЈА: Имаат стотина заразени од коронавирусот

ДРАМАТИЧНО И ВО ГРЦИЈА: Имаат стотина заразени од коронавирусот

10 нови случаи на коронавирус има во Грција, а бројката се искачи на 99 заразени. 

Од нив 95 се Грци, а четворица се странски државјани.

Од 99. лица, 68 се во домашна изолација, 29 се хоспитализирани во болници во Атина, Солун, Патра и на Лезбос, а двајца се на Одделенијата за интензивна нега, пренесе МИА.

Грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас, вчера информираше  дека се одложува работата на сите приватни и државни градинки, училишта, универзитети во следните 14 дена. 

На целиот Балкан се шири коронавирусот, и расте бројот на заразени. Во соседна Албанија има и смртен случај. Попладнево стигна веста дека 66-годишна Бугарка е првата која почина од коронавирусот во земјата. 

Ситуацијата станува драматична, а Македонци кои патуваат од Италија не можат да се вртатат дома, затоа што не ги пуштиле на српската граниа. 

Слично

Поврзани вести