Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМАТИЧНИ СЛИКИ ОД СПАСУВАЊЕТО НА ЛУЃЕТО ОД ЗАПАДНА МОРАВА Се урна пешачки мост, повеќе од 50 луѓе паднаа во вода

ДРАМАТИЧНИ СЛИКИ ОД СПАСУВАЊЕТО НА ЛУЃЕТО ОД ЗАПАДНА МОРАВА Се урна пешачки мост, повеќе од 50 луѓе паднаа во вода

Српските медиуми јавуваат дека дошло до трагична несреќа во која се срушил пешачки мост, врз кој стоела поголема група граѓани. 

Како што пишува „Курир.рс“, иако според првите информации се сметало дека дошло до сообраќајна несреќа во која автобусот со патници излетал од патот, подоцна било објавено дека до инцидентот дошло кога возачите на два автобуси со босански регистерски таблички паузирале во Овчар Бања. Додека траела паузата, патниците биле излезени на прошетка по висечкиот мост на реката Западна Морава.

View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)


Како што дознава Курир, досега од водата се извлечени две тела, а во болницата во Чачани се пренесени 11 туристи. Во извлекувањето на повредените учествуваат членови на Специјалистичкиот тим за спасување и работа на вода на СВС. Учествуваат 18 пожарникари со 4 возила на Противпожарната и спасувачката единица Чачак.

Автобусот од кој патниците заминаа на пауза се движеше од правец на Пожега кон Чачак. Иако претходно било соопштено дека овој висечки мост не е безбеден, бидејќи на некои делови недостасуваат штици, сепак, немало забрана за преминување. 

Фото: Принскрин/Инстаграм

Слично

Поврзани вести