Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматичен пад на увозот на нови автомобили, царуваат половните возила!

Драматичен пад на увозот на нови автомобили, царуваат половните возила!
Минатата година во земјава биле увезени вкупно 35.157 возила и во однос на 2012 година има благ пад. Според податоците на Царинска управа, лани биле увезени 3.288 биле нови патнички автомобили, а 29.560 употребувани.  Анализирано по години се гледа дека лани имало поголем пад на увозот на нови автомобили, а раст на увозот на употребувани автомобили. Односно, во 2012 година биле увезени 4.021 нови автомобили, а во 2013 година биле увезени 3.288. Во 2012 година биле увезени  28.546 нови автомобили а во 2013 година биле увезени нешто повеќе, односно 29.560 нови автомобили. Во 2013 година имало пад и на увозот и на нови и на употребувани товарни возила. Па така лани биле увезени 808 нови товарни возила, а во 2012 година 893. Минатата година биле увезени 1 179 употребувани товарни возила, а во 2012 година биле увезени 1 207 употребувани товарни возила. Според податоците, на Царинската Управа, се намалил и бројот на увезени употребувани автобуси и минибуси.    Најголем увоз на половни автомобили е направен во 2010 година, кога во земјава се увезени 51.399 употребувани автомобили, поради воведените олеснителни окололности за увоз што почнаа да важат од март 2010 година.  Иако, и во следните години има голем увоз на половни автомобили, сепак според официјалните податоци, врвот е достигнат во 2010 година. Но, од 2010 година, па наваму, во постојан пад е увозот на нови автомобили. Односно, во 2009 година,  пред да се донесат новите правила, биле увезени 10.574 нови автомобили, во 2010 има драстичен пад или биле увезени  7.183 нови автомобили, во 2011 падот продолжува и биле увезени 5. 795 нови автомобили, во 2012 година, бројката на увезени нови автомобили изнесува 4.021, а лани биле увезени 3.299 нови автомобили. Импортерите на моторни возила уште на почетокот на 2013 година бараа да се забрани увозот  на возила постари до 7 години. Но досега тоа не се случи. Според тогашните тврдења на имопртерите во изминатите три години со увозот на возила со Еуро 1 и Еуро 2 стандард, задоволен е социјалниот момент од една страна, но, од друга страна тие возила се огромни загадувачи воздухот.  Во барањето на Групацијата на импортери на моторни возила се апелираше на  воведување на нормата Еуро 4 за половни возила во првиот квартал од 2013 година со која е предвидено да се увезуваат возила што нема да бидат постари од 7 години, бидејќи како што велат загадувањето на воздухот, во голема мера е резултат и на согорувањето на горивата од старите нееколошки возила. Како аргумет импортерите го наведуваат и фактот дека во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа дека загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници. Според европските стандарди максимално дозволената граница е 50 милиграми на кубен метар.
„Новите возила имаат ниска емисија на јаглерод диоксид и штетни честички во воздухот, располагаат со посебни филтри кои ги задржуваат штетните канцерогени честички и не ги пуштаат во атмосферата. Наспроти ова, во последните три години во Македонија се увезоа околу 110.000 половни возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив кои немаат заштитни филтри и емитуваат огромна количина штетни честички во воздухот“, стои во барањето на импортерите.
Со досегашниот увоз велат, задоволен е и социјалниот момент на потрошувачите кои покрај тоа што не беа во можност да купат нов автомобил, успеаја да го заменат својот престар автомобил со стар автомобил кој не одговара на еколошките стандарди. „Мерките со кои се дозволува натамошното увезување на возила со Еуро 1 или Еуро 2 норматив стануваат контрапродуктивни бидејќи овозможуваат увоз на многу стари возила кои се големи загадувачи на животната средина, објаснуваа импортерите. Минатата година, загаденоста на воздухот беше на екстремно високо ниво, поради што беа превземени одредени мерки, однсно дел од вработените беа ослободени од работа. Како еден од поголемите загадувачи од министерството за животна средина беа наведени токму употребуваните возила увезени изминативе години. Сепак и покрај реакциите, владата ниту лани, не го промени ставот и не донесе забрана за увоз на возила постари од 7 години, а засега нема конкретни најави дека тоа ќе го стори годинава, особено што станува збор за година во која се одржуваат избори. С.Н.
Слично

Поврзани вести