Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драматичен пад на трговијата меѓу Македонија и Грција

Драматичен пад на трговијата меѓу Македонија и Грција
Се намалува трговската размена меѓу Македонија и Грција. Ако се споредат првите пет месеци од годинава со првите пет месеци од минатата година, трговската размена меѓу двете земји е намалена за 109,7 милиони долари. Односно, во првите пет месеци од годинава обемот на трговска размена меѓу Македонија и Грција изнесувал  272.6 милиони долари, додека пак минатата година во истиот период изнесувал 382.3 милиони долари. Еве како изгледала трговската рзмена меѓу Македонија и Грција во изминатите неколку години
  • Јануари-мај 2015 272,6 милиони долари
  • Јануари-мај 2014 382,3 милиони долари
  • Јануари-мај 2013 336,4 милиони долари
  • Јануари-мај 2012 368,9 милиони долари
  • Јануари-мај 2011 265,7 милиони долари
Намалено е и учеството на трговската размена меѓу Македонија и Грција во вкупната трговска размена што ја има земјава. Иако, Грција и натаму останува трет најголем трговски партнер на Македонија спорд обемот на трговска размена. Односно, во првите пет месеци од годинава, трговската размена меѓу Македонија и Грција, во вкупната трговска размена учествува со 6,4%, додека лани во истиот период учествувала со 7,8%. Учество на трговската размена меѓу Македонија и Грција во вкупната трговска размена на земјата
  • Јануари-мај 2015 6,4%
  • Јануари-мај 2014 7,8%
  • Јануари-мај 2013 7,8%
  • Јануари-мај 2012 8,7%
  • Јануари-мај 2011 5,8%
ИЗВОЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА НАЈМАЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ   Во првите пет месеци од годинава Македонија на пазарот во Грција пласирала 68,7 милиони долари, што е 3,9% од вкупниот извоз, додека лани во истиот период земјава во Грција направила извоз вреден 96,4 милиони долари што е 5 % од вкупниот извоз на Македонија. При тоа, анализата на податоците покажува дека извозот на Македонија во првите пет месеци од годинава направен во Грција е на најниско ниво во последните пет години и во апсолутен износ и како процентуално учество во вкупниот извоз на земјата.                                                                      Извоз во Грција               Учество во вкупниот извоз
  • Јануари-мај 2015                68,7 милиони долари                                    3,9%
  • Јануари-мај 2014                 96,4 милиони долари                                   5,0%
  • Јануари-мај 2013                 96,3 милиони долари                                   5,9%
  • Јануари-мај 2012                 73,6 милиони долари                                   4,6%
  • Јануари-мај 2011                 80,2 милиони долари                                   4,6%
УВОЗ НА МАКЕДОНИЈА ОД ГРЦИЈА НАЈМАЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ Во првите пет месеци од годинава Македонија од Грција има увезено производи во вредност од 203,8 милиони долари, што е 8,1% од вкупниот увоз на земјава. Лани пак во истиот период направен е увоз на грчки производи вредни 285,9 милиони долари, што е 9,6% од вкупниот увоз. Анализта на бројките покажува дека направениот увоз од Грција во Македонија во првите пет месеци од годинава е најмал во последните четири години, а единствено помал увоз од годинешниот имало во 2011 година.                                        Увоз од Грција                                 Учество во вкупниот увоз
  • Јануари-мај 2015 203,8 милиони долари                                8,1%
  • Јануари-мај 2014 285,9 милиони долари                                9,6%
  • Јануари-мај 2013 240,0 милиони долари                                9,0%
  • Јануари-мај 2012 295,3 милиони долари                                 11,1%
  • Јануари-мај 2011 185,5 милиони долари                                    6,5%
МАКЕДОНИЈА БЕЛЕЖИ ДЕФИЦИТ ВО ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ГРЦИЈА Македонија бележи континуиран дефицит во трговската размена со Грција, односно земјава повеќе увезува отколку што извезува на грчките пазари, а при тоа покриеноста на увозот со извозот во изминативе пет години се движи од 24,9% до 43,3 %. Во првите пет месеци од годинава, Македонија направиле увоз од Грција што е за 135,1 милиони долари повеќе од она што сме е извезено на грчките пазари, при тоа, покриеноста на увозот со извозот е 33,7%. Во истиот период минатата година, сме направиле увоз од Грција кој е за 189,4 милиони долари повеќе од она што сме го увезле оттаму, и при тоа покриеноста на увозот со извозот била 33,7%. Во 2013 година, во првите пет месеци сме увезле 143,6 милиони долари повеќе отколку што сме увезле од Грција,  а покриеноста на увозот со извозот изнесува 40,2%. Во  2012 година од Грција сме направиле увоз кој е за 221.7 милиони долари повеќе вредноста на напиот извоз на грчкитѕе пазари, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 24,9%. Во 2011 година сме направиле увоз од Грција што е за 105,1 милиони долари повеќе отколку тоа што го имаме извеземно на грчките пазари, а покриеноста на увозот со извзот е 43,3%. Разлика увоз/извоз                       Покриеност на увоз со извоз %
  • Јануари-мај 2015 135,1 милиони долари                                 33,7%
  • Јануари –мај 2014 189,4 милиони долари                              33,7%
  • Јануари-мај 2013 143,6 милиони долари                                40,2%
  • Јануари-мај 2012 221,7 милиони долари                                 24,9%
  • Јануари-мај 2011 105,1 милиони долари                                 43,3%
Слично

Поврзани вести