ДРАМАТИЧЕН ЛЕТ ОД КРИТ ЗА СРБИЈА! Наместо да слетаат во Белград, слетале во Скопје
Патниците на летот на Визаир од Ираклион, Крит до Белград, кој требало да слета ноќеска по полноќ на аеродромот во Белград, завршиле во Скопје утрово без претходна најава.
Како што изјавил еден патник за „Блиц“, вчера околу 60 туристи од Србија требало да се вратат од Крит, автобусот ги зел од хотелот вчера околу 20 часот, тие биле на аеродромот веќе во 21 часот, авионот требало да полета 15 минути по полноќ и да биде во Белград во 1:15 часот по наше време.
- Летот беше одложуван неколку пати, се до утрово во 4 и пол, кога конечно полетавме. Но, набрзо слетавме во Скопје, без претходна најава. Потоа патниците од Србија се побунија и не сакаа да поминат низ пасошка контрола додека не им се обезбеди превоз. На крајот, таа агонија траеше до десет и пол кога го испратија автобусот. Таму се случи вистински колапс, имаше болни луѓе без лекови, бебиња, луѓето се тепаа - изјави една патничка за Блиц.
Летот беше одложен со часови
Како што изјави еден од патниците за N1, тие не добиле никаква информација дека летот ќе биде откажан.
- По пристигнувањето на аеродромот на Крит, почнавме да добиваме пораки на секој час дека летот е одложен. И тоа беше сè додека конечно не моравме да летаме кон Скопје во 4:20 часот наутро, не разбиравме зошто. Нè задржаа малку подолго во авионот во Скопје, не ни дозволија да излеземе додека една жена не се разболе. Буквално нè оставија на тој празен аеродром - рече оваа патничка.
Таа додаде дека „авионот заминал“, и дека претходно пилотот на Виз ера рекол дека нивното работно време завршило и дека ќе добијат повеќе информации на аеродромот.
- Сепак, на аеродромот во Скопјe биле изненадени, немале поим за што станува збор, ниту полицијата ниту било кој - рекла таа.
Таа исто така истакнала дека на аеродромот во Скопјe им било кажано дека „Виз Ер им пријавил дека авионот слетува празен - иако во него имало 200 патници“.
Видео на следниов линк.