Драма во Подгорица - Вооружен црногорец со панцир се забарикадирал во домот
Полицијата во Подгорица се соочува со вооружен маж кој има панцир и автоматска пушка и одбива да излезе од својата куќа каде е забарикадиран. Активирани се специјалните сили, пожарникари и медицински екипи, а полицискиот началник Јовица Речевиќ ги води преговорите за негово предавање.
На ваков чекор Васко Вујановиќ се решил откако неговиот 19 годишен син дошол во семејната куќа бегајќи од полицијата која го сопрела бидејќи возел нерегистриран автомобил. Засега не е пукано кон полициските припадници, но сите се на висока тревога од можна престрелка.
Слично
