Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА ВО „ОХРИДСКА“: Акционери обвинуваат дека банката се задолжува кај „Сосиете Женерал“ со лихварски камати!

ДРАМА ВО „ОХРИДСКА“: Акционери обвинуваат дека банката се задолжува кај „Сосиете Женерал“ со лихварски камати!
Станува збор за субординиран кредит земен од француската банкарска групација „Сосиете Женерал“ која воедно е и најголем акционер во Охридска банка. Мал акционер на собранието во април отворено ги прашал менаџерите на банката да одговорат зошто земале кредит со лихварска камата од 13,45 отсто, а не се обиделе потребните пари да ги набават преку јавен повик за докапитализација на банката. Менаџерите не одговориле зошто не се обиделе да соберат пари преку јавен повик, пишува во нотарскиот акт од Собранието објавен на сајтот на нашата берза Мали акционери во април годинава на редовно акционерско собрание на Охридска банка барале одговори од членовите на управниот одбор зошто  банката земала кредит од 8 милиони евра со каматна стапка од 13,45 отсто за која акционерот оценил дека е лихварска камата! Воедно акционерот ги прашал менаџерите Мито Ѓорески и Петар Теговски зошто не е направен обид да се дојде до тие средства преку јавен повик за докапитализација на банката и дали Управниот одбор бара начин да се прекине таквиот договор? Одговор на прашањето зошто не е направен јавен повик за докапитализација, според нотарскиот акт, менаџерите Ѓорески и Теговски не дале, но објасниле дека кредитот бил земен за усогласување со законската регулатива во делот на адекватност на капиталот согласно стратегијата на банката во која е предвиден подинамичен пораст на комерцијалните активности. Според Теговски и Ѓорески каматната стапка била во согласност со пазарните услови во земјава и на меѓународниот пазар на капитал во моментот на земање на кредитот имајќи ги предвид и рокот и неговата намена. Менаџерите објасниле дека тоа се средства кои се вклучувале во пресметките на сопствени средства на банката за покривање на ризици согласно регулативата. Менаџерите одговориле и дека ја разгледувале и можноста за измена на условите, но дека имајќи го предвид рокот, трошоците за раскинување се моѓне високи и значително би го оптовариле тековниот резултат, пишува во извештајот. Во нотарскиот запис пишува дека по прашањето од акционерот се придружиле и други акционери присутни на априлското собрание кои прашале зошто е земен ваков кредит со услови под кои ниту една друга банка се нема задолжено. Во контекст на ова мора да се истакне дека Охридска банка на 18 август годинава (неполни 4 месеци по одржаното акционерско собрание) преку Македонската берза за хартии од вредност ја извести јавноста дека сепак се изменети условите со субординираниот кредит од 8 милиони евра со кој Охридска банка се задолжила кај најголемиот акционер „Сосиете Женерал“. Со, како што пишува во соопштението, „со амандманот кон договорот“ е сменет рокот на користење на кредитот од 8 на 13 години почнувајќи од денот на користење на кредитот како и каматната стапка која согласно со измената ќе изнесува 7,85 отсто до 30.9.2019 година, а од наредниот ден до денот на доспевање ќе изнесува 5,11 отсто. Вработени проневериле 220.000 евра од трезорот на „Охридска банка“ Од нотарскиот акт од акционерското собрание може да се прочита дека акционер ги прашал менаџерите дали некој одговарал за проневерувањето на 250.000 евра од трезорот на банката во 2014 година? На прашањето на акционерот одговорил Петар Теговски, членот на управниот одбор, кој рекол дека во тек на 2014 година е извршена измама со која банката е оштетена за 220.000 евра од лица вработени во банката и дека управниот одбор ги превзел сите потребни мерки во врска со тој настан, дека е поднесена пријава за надоместување на штетата и дека одговорните лица се разрешени или суспендирани. Целиот нотарски акт од текот на Собранието на акционери на Охридска банка може да го прочитате на следниов линк http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=37613 Фактор.мк веќе пишуваше за субординираниот заем на оваа банка, а повеќе можете да прочитате на следниов линк ОХРИДСКА БАНКА значајно ги зголеми вложувањата во државни хартии од вредност! Охридска банка е во доминантна сопственост на „Сосиете Женерал„ француска банкарска групација која поседува 70 отсто од акциите. Околу 8,3 отсто од акциите се во сопственост на 456 домашни физички лица, а околу 16,5 отсто од капиталот го поседуваат вкупно 110 домашни правни лица, а уште 13 странски правни лица поседуваат 4,4 отсто од акциите со право на глас. Р.М.
Слично

Поврзани вести