ДРАМА ВО ГРЦИЈА: На траект со 288 луѓе избил пожар (ВИДЕО)
Пожар избувнал на траект кој пловел од Грција кон Италија и на кој имало 288 патници и членови на екипажот.
Фериботот Јурофери Олимпија, кој пловел под италијанско знаме, се движел од Игуменица во Грција кон пристаништето Бриндизи во Италија, а пожарот избувнал рано утринава во близина на Крф во Јонското Море.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека во бродот имало 237 патници и 51 член на екипажот.
Сите патници се безбедно евакуирани и префрлени на Крф, изјави грчкиот државен секретар за поморска трговија за локалните медиуми.
Во спасувачката операција се вклучени три брода на крајбрежната стража. Засега не е позната причината за пожарот.
Foto: screenshot Youtube/Proto Thema
Слично
