Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма со законот за извршување, Дескоска ќе го стопира

Драма со законот за извршување, Дескоска ќе го стопира

Новата министерка за правда Рената Дескоска ќе го прочешла веќе готовиот закон за извршување кој и го оставија на маса нејзините претходници. Законот кој и набрзо требаше да биде испратен во Влада „таа ќе го стопира и прегледа уште еднаш, а ќе се консултира и со експерти од областа“.  

На примопредавањето на функцијата новата министерка за правда беше категорична дека еден од нејзините приоритети ќе биде Законот за извршување да  овозможи поправеден систем со помали трошоци во постапките пред извршителите.

Нејзиниот заменик Оливер Ристовски претходно тврдеше дека предлог- законот е испратен на сите, и на Комората на извршители и на здруженијата на граѓани кои бараа враќање на извршителите во судовите и ревизија на нивната работа, како  и замрзнување на сите извршни постапки, но Дескоска сега повторно ќе прави „ревизија“.

Според !ТВ, никој од засегнатите страни не е задоволен од предлог-законот и најверојатно токму затоа е и ревизијата од страна на Дескоска.


Слично

Поврзани вести