Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА пред зградата на српската Влада – маж со пиштол се заканувал!

ДРАМА пред зградата на српската Влада – маж со пиштол се заканувал!
Непознат маж предизвика вистинска драма пред зградата на српската Влада во Белград. Вооружен со пиштол тој се заканувал на улицата пред владиниот објект заради некои „милионски долгови“. Полицијата по подолги преговори успеала да го убеди да го предаде пиштолот, по што мажот бил внесен во владината зграда, каде што со него се сретнал министерот за одбрана Братислав Гашиќ. Средбата се одвивала под будно око на полицијата, а по нејзиното завршување се очекува човекот да биде приведен. Граѓаните ја повикале полицијата веднаш штом го забележале вооружениот човек, наводно воен пензионер, пред владината зграда. Не е познато какви биле неговите барања за српските власти, но тој тврдел дека наводно некој му должи милион динари. Получасовните преговори биле доста напорни, бидејќи човекот се однесувал многу бесно и неконтролирано. Но, притоа, според српската полиција, се заканувал само дека ќе се самоубие, а не се заканувал со убиство на други лица.
Слично

Поврзани вести