ДРАМА НА КОСОВО: Албанците не даваат Вучиќ да помине, српската полиција будно следи што се случува
Албанците на Косово го попречуваат патот на српскиот претседател, Александар Вучиќ и истакнаа транспаренти „Вучиќ нема да помине“.
Српските медиуми пишуваат дека ова е срам за КФОР затоа што не можат ни Вучиќ да го обезбедат, а не пак да ги штитат Србите на Косово.
Сите патишта кои водат кон селото Бање се блокирани.
Се смета дека Кадри Весели, бившиот командант на ОВК ги наговорил ветераните да го блокираат патот.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ вели дека од минута во минута ја следат состојбата.
Вели дека рафалите се порака дека Србите не се добредојдени.
Вучиќ треба да го посети селото каде има околу 300 српски куќи.
Слично
