Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАМА НА БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ: Дојава за бомба во авион, полицијата извршила преглед

ДРАМА НА БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ: Дојава за бомба во авион, полицијата извршила преглед

Драма на аеродромот во Белград. Утрово поради најава за бомба во авион се евакуирани 130 патници и пет членови на екипажот. Авионот бил на германската компанија „Луфтханза“, пренесуваат медиумите од соседството.

Авионот требало да лета кон Франкфурт.

Од аеродромот „Никола Тесла“ објавиле дека во утринските часови имало вонреден настан при полетување на авион за Франкфурт. По дојавата за опасност сите служби на аеродромот се активирале и биле превземени сите мерки за заштита, евакуација и безбедност.

Полицијата го прегледала авионот, се работи на откривање на идентитетот на лицето кое пријавило на аеродормот за можна бомба во авионот.


Слично

Поврзани вести