Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драма и на патот Белград-Ниш, заглавени со часови има и повредени

Драма и на патот Белград-Ниш, заглавени со часови има и повредени

Големи проблеми имаше и на автопатот Белград-Ниш кај местото Трупалски шуми пред влезот во градот Ниш. Откако дошло до верижен судар во кој учествувале околу 30 автомобили дошло до целосно блокирање на сообраќајот, а десетина лица, меѓу кои и 6 деца биле полесно повредени. 


Исто така автопатот бил блокиран и од три камиони кои се обиделе да го претекнат возилото за чистење на патот по што се заглавиле. Според сведоштвата дел од возачите на патот биле заглавени над 5 часа, а за тоа време интервенирале помали екипи за чистење на снег. Ангажирана била жандармеријата, додека пак медински екипи им помогнале на повредените. 

Предраг Марич, началникот за вонредни ситуации на српското министерство за внатрешни работи, посочи дека сите патници биле посетени од припадниците на итните служби со цел да проверат дали имаат доволно храна, вода и гориво бидејќи било јасно дека снегот не може брзо да се расчисти, пренесува Блиц.

Сега состојбата е подобрена, и натаму проодноста е проблематична, но возилата стигнале до Ниш, додека пак во правец кон Белград и натаму имало долга колона на товарни возила.


Слично

Поврзани вести