Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Дракселмаер“ со рекордна година на платени суми за домашни добавувачи

„Дракселмаер“ со рекордна година на платени суми за домашни добавувачи

„Дракселмаер“, најголемиот работодавач во Кавадарци, на министерот за подобрвање на инвестициската клима Зоран Шапуриќ му соопшти дека оваа година компанијата платила рекордна сума за домашните фирми-добавувачи од 12 милиони евра.

Директорот Лукас Мурингер изрази задоволство од соработката со Владата на Република Македонија и најави нови инвестиции во државата, а од кабинетот на Шапуриќ објавија овој странски инвеститор во 2018  година остварил раст и го зголемил своето производството за околу 13 проценти.

Од „Дракселмаер“ најавија вработување на уште околу 800 работници на постоечките 6.000, додека Шапуриќ истакнал дека определбата на Владата е да ги поддржува странските инвестиции и дека е посебно заинтересирана за инвестиции што ќе доведуваат до производство на производи со повисока додадена вредност, воведување нови развиени технологии, подобро платени работни места и особено зголемување на соработката на странските инвеститори со домашните компании.


Слично

Поврзани вести