Драконски глоби и затворски казни доколку биде издадена диплома без државен испит
Високообразовната установа која ќе му пркоси на измените на законот за високо образование и наспроти нив ќе издаде диплома без притоа да спроведе државен испит ќе се соочи со драконска глоба во висина од 10 до 30 илјади евра како и со мерка забрана за вршење на високообразовна дејност.
Казна ќе добие и онаа установа која на студентот ќе му овозможи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година.
“Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи спротивно на овој закон, односно ќе издаде дилома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години“, пишува во предлог-законот за измени на Законот за високо образование кој наскоро ќе биде ставен на дневен ред пред пратениците во Собранието на Република Македонија.
Целиот предлог-закон може да го прочитате на овој линк!
Целиот предлог-закон може да го прочитате на овој линк!
Слично
