Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАГОСЛАВ КОСМАЈАЦ: Од ситен дилер до нарко-бос „тежок“ најмалку 11 милиони евра

ДРАГОСЛАВ КОСМАЈАЦ: Од ситен дилер до нарко-бос „тежок“ најмалку 11 милиони евра
Српскиот Ал Капоне, 61-годишниот Драгослав Космајац бил уапсен во својот дом во Белград по долна облека и со златни папучи на нозете, открива српскиот портал Курир. Сам и отворил врата на полицијата, а во моментот на апсењето, читал книга за Дарко Шариќ, неодамна уапсениот криминалец од српското подземје. Полицајците на Космајац му дозволиле да се облече, а потоа започнале претрес на куќата. Во тие моменти дома биле неговата ќерка и неговата сопруга. Никој не давал отпор и се поминало без инциденти. Куќата на човекот кој се сомничи дека бил врската на колумбискиот нарко-бос Пабло Ескобар за Балканот и Европа била полна со луксузни предмети. „Голем број уметнички слики висат на ѕидовите на куќата. подовите се од мермер, а оградите од ковано железо. Мебелот е уникатен, како и речиси сите предмети во куќата. Се е покриено со камери, а во дворот има базен“, открива за Курир извор на истрагата. Имотот на Космајац во Србија се проценува на околу 11 милиони евра, но воглавно е евидентиран на други лица, со кои склучувал договори за позајмување за изградба на одредени објекти. Токму затоа ја заработил кривичната шријава за даночно затајување - легално пријавените даночни приходи се покажале дека се многу несразмерни со имотот за кој се претпоставува дека е негов. Официјално, пред српските институции, тој како приход имал само инвалидска пензија, која ја заработил како келнер. Драгослав Космајац долги години живеел на релација Белград-Шпанија, а „кариерата“ ја започнал така што испраќал пријатели да му носат автомобили од Италија, во кои наводно криел по 20 килограми дрога. Малку по малку, стигнал до  Јужна Америка и остварил контакт со колумбиските нарко-картели. Пред повеќе од две децении го запознал Пабло Ескобар и станал негов човек за Европа.
Слично

Поврзани вести