Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драги Змијанац, МЕЃАШИ: Министерот и неговиот заменик да излезат од канцеларија и да ја преминат улицата!

Драги Змијанац, МЕЃАШИ: Министерот и неговиот заменик да излезат од канцеларија и да ја преминат улицата!
Средношколците кои веќе шеста недела ја бојкотираат наставата во училиштата, а  околу три  недели се и под шатори пред Министерството за образование и наука  се изморени истоштени, разочарани и депримирани од игнорантскиот однос на ресорното министерство -оценува  за Фактор, Драги Змијанац  - директорот  и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Според него, учениците  се цврстo убедени и уверени дека нивните барања одат во насока на квалитетно и инвентивно образование  па оттука логично е да  бараат активно учество во донесувањето на сите одлуки кои се однесуваат на подобрување на образовниот систем и имаат идеи како да се подобри истото. Тоа се - додава Змијанац,  меѓудругото и одлични ученици кои преку Пленум дискутираат и се договараат за следните чекори кои планираат да ги преземат. Иако досега имаше три последователни средби помеѓу претставници на Средношколскиот пленум и МОН-  истите завршија неуспешно. Според учениците,  на средбите воопшто не станало збор за изнаоѓање на заеднички прифатливи решенија,  туку само за намерата  на одговорните учениците по секоја цена да се вратат на настава и да ги прифатат реформите, како и за последиците од нивните активности. Ова го утврди и мониторингот кој го направија од Канцеларијата на Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Меѓаши. “Нашиот мониторинг утврди дека МОН бара “легитимен” партнер во преговорите како што тие велат, и не го прифаќаат неформалното здружување и активизам на средношколците како партнери. Граѓаните или во овој случај учениците, имаат право да се самоорганизаираат низ неформални форми на здружување и да се залагаат за истите пред институциите кон кои се однесуваат барањата. Мој впечаток е дека тоа се умни и инвентивни младинци  кои имаат енергија, знаење и идеи како да се подобри образованието и истото да биде во нивна функција, како професорите и директорите да им бидат поддршка,  а не пречка. Затоа и се случи отпорот односно незадоволството кое вака јавно го манифестираат подолго време”- потенцира Драги Змијанац. 11011606_985410011471395_4823562752971915741_n   Средношколците додава  тој,  на демократски начин ги дизајнираат нивните акции, со активно учество и споделување и се достоен репрезент за преговори со било кои институции во државата. Затоа вели,  не треба да се надмудруваат институциите со овие младинци кои имаат став, знаат што сакаат и се спремни да истраат во нивната борба за подобро и поквалитетно образование.   Учениците имаат право да бидат консултирани! Првите луѓе во министерството и креатори на образовните политики,  според Змијанац,  треба да го препознаат  овој потенцијал, да им одадат  почит на средношколците и да ги земат  сериозно предвид нивните идеи и иницијативи кои се изворни, автентични  и се во нивен најдобар интерес.  Учеството на средношколците во било кои одлуки кои ги засегаат нив се важни и неисклучиви. Затоа тој наведува,  дека е невозможно било која одлука да се донесе без нивно учество, без консултативен процес на одлучување од страна на средношколците. Во спротивно вели тој, се јавува незадоволство, бунт и отпор па оттука непримерно и неприфатливо е да не се вклучат учениците во одлуки кои се од витална важност каков образовен ситем ќе имаме, дали истиот поттикнува активни граѓани и граѓанки.  Учениците имаат право и обврска да бидат консултирани, да учествуваат, да креираат, да споделуваат и да градат заеднички образовни вредности и норми кои ќе ги исполнат нивните потреби и очекувања- нагласува директорот на Првата детска амбасада. Образовен систем по мерка на учениците! Образованиот систем според него,  треба да се креира и крои по мерка на учениците и во нив истите активно да учествуваат, покрај родителите и професорите, во систем кој подеднаква полза ќе имаат не само актерите во креирањето образовни политики туку и пошироката заедница. Оваа генерација на млади активисти и ученици кои решија да го кренат гласот е достојна и вредна за почит и несмееме да ја жртвуваме во надмудрување со нив, во демонстрација на моќ. 1625576_987606047918458_475705401772284531_n “Тие треба да ни се опомена за подзаборавеноста на важноста од активно детско и ученичко учество. Тие треба да ни бидат пострек и поттик како да креираме образование кое ќе биде по мерка на учениците. Прва моја препорака до министерот и заменикот министер за образование и наука е да излезат од канцеларијата и да ја преминат улицата. Да седнат и разговараат со учениците во нивниот камп. Или да ги слушнат како тие размислуваат и како се договараат за акции кои се однесуваат токму кон нив и се со цел да им се предизвика вниманието и поактивно и посериозно да ги сватат за што всушност се залагаат и борат овие младинци кои се во функција на барања и заложби како претставници на илјадници ученици кои не смеат да излезат и да им се придружат поради разни закани и притисоци кои ги трпат и дома и на училиште. Овие храбри и доследни ученици во нивните намери и бојкот не смеат министрите од МОН да дозволат да бидат жртви, тука напротив заедно со нив да се договорат за измени кои ќе бидат во нивна функција, во најдобар интерес на сите средношколци. Во спротивно учениците ќе преземат порадикални форми на отпор и за сите идни последици по здравјето на децата ќе сноси директна одговорност МОН”- додава Змијанац. МОН ги прекршува меѓународните конвенции! Министерството за образование и наука- објаснува Змијанац, ги прекршува одредбите од Конвенцијата за правата на детето, која во член 12 предвидува дека секоја држава, на детето кое е способно да формира свое сопствено мислење му обезбедува право на слободно изразување на тоа мислење за сите права кои го тангираат, посветувајќи му должно внимание. “ Многупати досега апелиравме дека Конвенцијата за правата на детето  му го признава правото на детето на  учество/партиципација, што значи  детето да биде слушнато и консултирано за работи и одлуки кои се од негов интерес. Учеството-партиципацијата на децата е еден од четирите основни принципи на КПД, покрај правото на опстанок и развој, недискриминацијата и најдобриот интерес на детето”- завршува Драги Змијанац од МЕЃАШИ. С.Б.
Слично

Поврзани вести