Економија, финансии, бизнис

Контакт

Драган Даравелски уапсен во Србија?

Драган Даравелски уапсен во Србија?
Неофицијално, поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски утрово е уапсен во Србија по распишана потерница од страна на македонските власти. Даравелски е осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на царината и на други институции. Од МВР ниту ја демантираат, ниту ја потврдуваат информацијата.
Слично

Поврзани вести