ДРАГАН БЈЕЛОГРЛИЌ СТИГНА ВО СУДОТ: Почнува процесот за неговиот напад врз Антонијевиќ
Пред Првиот основен суд во Белград денеска почнува судењето на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој е обвинет за насилничко однесување врз колегата Драган Антонијевиќ на 23 август минатата година. Според известувач од местото на настанот на Нова.рс, Бјелогрлиќ нешто пред 11 часот пристигнал во судот во придружба на неговиот адвокат, а Драган Антонијевиќ не се појавил.
Истрагата за овој случај се водеше во Ниш, но по покренувањето на обвинението против Бјелогрлиќ, Основниот суд во Ниш побара предметот да се делегира на белградскиот суд, што беше одобрено од Врховниот касационен суд, од причини за процесна целисходност, бидејќи и обвинетиот и оштетениот, како и бранителот и сведоците, сите се од Белград.
Одбраната на Драган Бјелогрлиќ ќе бара поголема судница бидејќи во оваа што е предвидена за претрес може да има само тројца новинари. Одбраната бара да бидат присутни сите медиуми кои сакаат да присуствуваат на судењето.
Бјелогрлиќ го застапуваат Југослав Тинтор и Горан Драганиќ, а како што истакнаа, не сакаат овој случај да се покрива селективно во медиумите, туку да присуствуваат сите што сакаат.
„Ќе видите зошто“, рекоа адвокатите.
Претходно во обвинителството Бјелогрлиќ призна дека сторил кривично дело насилничко однесување.
Извор: Нова.рсФото: Принтскрин
