Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДРАЧ, ПРОДОЛЖУВАМЕ: Рама објави ново видео од уривање на дивоградбите

ДРАЧ, ПРОДОЛЖУВАМЕ: Рама објави ново видео од уривање на дивоградбите

Премиерот на Албанија, Еди Рама објави ново видео во кое се гледа како се уриваат дивоградби во Драч. 

Уривањето почна откако Рама ја промовираше кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, или ослободување на окупираните јавни површини низ целата земја, како дел од подготовките за членство во Европската Унија до 2030 година. 

Кампањата вклучува отстранување на времени објекти и огради од тротоарите и други јавни простори, односно општинските власти ги уриваат објектите на оние кои не ги почитуваат наредбите.

Државата ја пушти во употреба и апликацијата „Мој јавен простор“, преку која граѓаните можат да пријават различни видови на узурпација на јавниот простор.


Слично

Поврзани вести