ДПИ БАРА РАБОТНИК НА ОГЛАС: Платата е 36 илјади, еве за која позиција вработува и кои квалификации треба да ги исполнува кандидатот
Државниот пазарен инспекторат објави оглас за вработување на Советник инспектор - Советник за инспекциски надзор за безбедност на производи - Инспектор, Одделение за инспекциски надзор за безбедност на производи, Сектор за инспекциски надзор и други работи, Државен пазарен инспекторат.
Според огласот, кандидатот од општи услови треба:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за враоботување:
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование
- најмалку 3 (три) години работно искуство по дипломирањето
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Паричен нето износ на плата: 36.383,00 денари.
