Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДПА седна во Собрание, ама ДУИ ќе бара анкетна комисија за инцидентот

ДПА седна во Собрание, ама ДУИ ќе бара анкетна комисија за инцидентот
Пратеничката група на ДПА ќе продолжи да ги изнесува реалните барања на Албанците и ќе го крене гласот за сите антиалбански проекти, изјави денеска пратеникот Газменд Алиу, кој заедно со своите сопартијци се врати во Собранието по бојкотот од речиси два месеца. „ДУИ исценира инцидент само поради една причина: да ја замолчи албанската опозиција. Им ставаме до знаење дека ова ќе биде невозожна мисија и на ДУИ и на кој било друг“, вели тој. ДУИ го поздрави враќањето на ДПА во Собранието, но бара анкетна комисија која ќе го расветли инцидентот со ДПА на комисиската расправа за ребалансот на буџетот, заради која партијата на Тачи го напушти законодавниот дом. „Ако некој планирал да има инцидент во парламентот, тоа е ДПА. Ние како ДУИ остануваме на нашиот став овој случај да се обелодени до крај со тоа што ќе побараме да се формира Анкетна комисија која ќе го расветли случајот“, вели Рафиз Алити од ДУИ. Тој нагласува дека пратениците на ДУИ го очекувале враќањето на ДПА во Собранието за да ја покренат ваквата иницијатива.  
Слично

Поврзани вести