Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДПА: Сарачини барал пари за да додели концесии! ДУИ: за кого одработувате?

ДПА: Сарачини барал пари за да додели концесии! ДУИ: за кого одработувате?
Политичката арена се повеќе се вжештува. Власта и опозицијата секојднево едни против други лиферуваат документи и обвинувања за корупциски скандали. Во македонскиот политички блок војна водат СДСМ и  ВМРО, во албанскиот ДПА и ДУИ.    Опозициската ДПА со обинување до министерот за економија Ваљон Сарачини дека е вмешан во корупциски скандал со доделувањето на концесиите. Според ДПА, Сарачини на одредена компанија и барал пари за да добие една од концесиите што ги доделува министерството за економија. „Во рака имам документ кој покажува еклатантното ниво на корупција во економскиот ресор што го раководи кадарот на ДУИ, Ваљон Сарачини. Досието покажува како од претприемач се бараат големи суми на пари ако сака неговата компанија да освои една од многуте концесии кои ги доделува Министерството за економија. Ова е само еден од безбројните корупциски случаи и кражби кои го претставуваат единствениот успех на ДУИ во владата“, ијзави Орхан Ибрахими, од ДПА. На ваквите обвинувања на опозицијата реагираа од владејачката ДУИ. Во партиското соопштение се наведува дека единственото нешто што ДПА го прави е да навредува. Дополнително, од ДУИ велат дека во перидот кога ДПА била дел од владата вкупно биле доделени седум концесии за истражување, а при тоа сите биле доделени во Источна Македонија. За разлика од владеењето на ДПА,  во последните пет години, колку што е ДУИ на власт, вкупно се доделени повеќе од 250 концесии, и тоа најголемиот дел се во албанските општини Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Сарај, Липково, Сарај и Теарце. „Говорот на омраза на ДПА сметаме дека е за делење на Албанците. Се обидуваат со банални обвинувања да го покријат бескрупулозниот аргатлак што само раководството знае како се наградува. Наместо да објавуваат смешни обвинувања, ДПА треба сериозно да даде одговор на прашањето што го чека секој Албанец. А тоа е, дали кандидирањето на Илјаз Халими за претседател има врска со откриената афера во медиумите за претпријатието Интерпромет?“, е наведено во реакцијата  на ДУИ. Што утврдија ревизорите во извештајот за ефикасност на доделените концесии на минералните суровини? Во законската регулатива која се однесува на концесиите и која се применува од 15.03.2012 година не е предвидена можност за водење единствен регистар на концесии од надлежен орган, додека во законската регулатива која важела пред овој датум било предвидено за доделените концесии се води регистар за што било задолжено министерството за финансии, но тој систем не бил воспоставен. Според, претходната законска регулатива, податоците за доделените договори требало да се доставуваат три дена од денот на склучувањето на договорот, и требало да се објавуваат на сајтот на министерството за финансии. Исто така имало и обврска да се достави известување за престанок на концесијата. „Поради не воспоставувањето на регистар на доделените концесии не се овозможува достапностна податоците и увид во склучените договори за доделените концесии“, нотирале ревизорите во извештајот за ефикасност на доделените концесии на минералните суровини објавен пред крајот на минатата година.  При тоа ревизорите констатираат дека, направила анализа за законста регулатива во соседството, односно во Хрватска и Србија, е предвидена обврска да се води регистар на концесии а таа надлежност е во рамките на министрствата за финансии. Ревизорите констатираат дека: „Во министерството за економија, до 2008 година не била воспоставена евиденција за доделените концесии на минерални суровини. Поради тоа не можело да се има увид во работата на концесионерите.Односно не можело да се има увид, дали се плаќа концесискиот надоместок, дали доделената концесија се користи согласно законот, дали е отпочната експлоатација, кој од концесионерите има дозвола, акој нема“, потенцираат ревизорите. Во 2008 година, на барање на министерот за економија била формирана работна група за вршење контрола за реализацијата на доделените концесии а во 2010 година формирана е и комисија. Тие имале задача да извршат увид на лице место за реалиацијата на концесиите, која за својката работа доставила извепатј до ресорниот министер. Меѓутоа и покрај превземените активностиод страна на комисиите, сепак поради немање на увид во доделените концесии во минатите години, ревизијата не можеше да добие цњелосен увид во документацијата. „Потребно е да се истакне дека и покрај наведените проблеми и комлексноста на материјата,министерството за економија се уште нема донесено пишани процедури со кои детално ќе се утврди и пропише целокупниот процес на доделување на концесии за минерални суровини, целокупната документација, одобрување, рокови на доставување и одложување на истата во досиејатата“, пишуваат ревизорите. Ненавремено плаќање на концесија? Ревизијата утврдила ненавремено еднострано раскинување на договорите за концесија на експлоатација на минерални суровини од страна на надлежните, поради ненавремено плаќање на концесиите. Неплаќачите се толерирале и по три години, што ги става во нееднаква позиција оние кои редовно си го плаќале   концесисиките надоместоци, а при тоа доведува и до полаку уплатени средства во буџетот. „Со извршениот увид во документацијата со која располага министерството за економија во поглед на редовноста на плаќањето на концесискиот надоместок ревизијата утврдила дека кај сите 11 донесени одлуки  од страна на надлежниот орган за еднострано раскинување на договорот заради неплаќање концесисики надоместок на склучените договори за концесија за експлоатација на  минерални суровини, се однесува за неплаќање на концесисики надоместок за период од три години, се наведува во извештајот. Се дозволувала бесправна експлоатација на минерални суровини? Нема ниту евиденција дали врз одредени концесионери е отворена стечајна постапка или ликвидација, поради што не се превземени мерки за одземање на концесиите, односно престанок на концесиите. „Поради недоволно следење на концесионерите имаме случаи над истите да е отворена стечајна постапка во 2003, 2004 и 2008 година, а одлуките за претанок на концесијата да се донесени во 2010 и во 2011 година, со што е оставена можност за бесправна експлоатација на минералните суровини“, наведуваат ревизорите. Производител на минерална вода: Точел вода од чешма или бесправно користел бунари ?   Во една контрола што ја направила УЈП во 2011 година, утврдено е дека концесионер кој имал концесија за минерална вода, а над кој е спроведена отворена и затворена стечајна постапка во 2003 година, во 2008 година има основано нов правен субјект со слично име и иста дејност- производство на минерална вода. Истиот нема склучено договор за концесија туку на инспекцијата и го презентирал стариот концесиски договор. Во образложението дадено од даночниот инспектор наведено е дека не ги користи бунарите за кои има добиено концесија ликвидраниот правен субјект , туку дека користи вода од регионален водовод и истат ја плаќа на физичко лице. Честа промена на законите, можност за злоупотреби? Ревизорите констатираат дека постои и честа промена на законите, а при промената на регулативата рокот за усогласување на постоечките договори за концесии со новата регулатива трае многу долго иако генерално е пропишан на една година. Ревизорите имаат уште серија други забелешки во однос на тоа дека нема соодветна кадровска екипираност, односно нема рудраки инжинери во Државниот инспекторат за техничка инспекцијаособено во Тетово, Битола и Штип, како и дека нема довола координираност меѓу УЈП и министерството за економија надлежни за воспоставениот систем за контола на наплата на концесискиот надоместок. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести