ДПА пак седна во Собрание
Пратениците на Демократската партија на Албанците, по бојкот од речиси два месеца, денеска се вратија во собраниските фотелји. Согласно одлуката на Централното собрание на партијата, донесена пред два дена, од денеска тие повторно се вратија на своите обврски во законодавниот дом.
Пратеничката група на ДПА го бојкотираше Собранието откако на комисиската расправа за ребалансот на Буџетот за 2014-та година најпрвин дојде до вербална, а потоа и до физичка пресметка меѓу пратениците Орхан Ибраими од ДПА и Талат Џафери од ДУИ.
Собранието денеска на пленарна седница ја продолжува расправата за предлог-Буџетот за 2015 година.
Слично
