ДПА останува во опозиција
Демократската партија на Албанците останува да дејствува опизициски и нема да стане дел од владината коалиција и покрај многуте најави во предизборниот период на нејзиниот лидер Мендух Тачи дека ќе бидат дел од идната Влада. Оваа одлука ја донело централното претседателство на ДПА синоќа.
„ДПА не е подготвена да биде дел од политичката одговорност на оваа Влада заради дилемите што ги има околу сериозниот пристап на оваа Влада кон двата најважни приоритети за Македонија - деблокада на евроинтеграцискиот процес и унапредување на правата на Албанците кон целосна рамноправост со Македонците. Ние ќе бидеме конструктивна опозиција и во ниту еден момент нема да бидеме пречка ако Владата сериозно им се посвети на ветувањата за деблокада на евроинтеграцискиот процес, почеток на преговорите со ЕУ, зачленување во НАТО и унапредување на правата на Албанците“, пишува во партиското соопштение.
Слично
