ДПА го избра својот кандидат за претседател
Демократската партија на Албанците (ДПА) го дефинираше кандидатот со кој влегува во изборна трка на претстојните претседателски избори закажани за 13 април.
Како што беше решено од највисокото партиско тело, конечната одлука за кандидатот ја донесе лично партискиот лидер Мендух Тачи.
Поранешниот потпретседател на македонското Собрание Илјаз Халими е кандидатот кој ќе го истакне ДПА на претседателските избори.
„ДПА ќе се потруди да ги мобилизира сите Албанци, но и други граѓани, а ќе побара подршка и од официјалната политика на Косово и Албанија. Нашата цел, додаде, е да освоиме 350 илјади гласа“, рече Тачи.
Со оглед на тоа што не може да обезбеди поддршка од потребните 30 пратеници, Халими ќе треба да собере 10.000 потписи до крајниот рок - 3 март.
„Работите се многу јасни. Фаворит на овие избори е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Иванов. Нашата цел е да влеземе во втор круг и да бидеме ние и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во втор круг. Ќе ги повикаме сите Албанци и други граѓани да не гласаат бидејќи тогаш доаѓа вистинскиот договор и вистинскиот консензус што може да се случи помеѓу Албанците и Македонците, затоа што во вториот круг треба најмалку 40 отсто од гласачите да излезат на гласањето. Нашата позоција во вториот круг ќе биде според мене најсилната позиција што ја имале Албанците во овие 24 години. Мислам дека тие ќе не повикаат ние да излеземе на гласање за да не се поништат претседателските избори. Македонија е многу фрагилна држава, таа е во многу деликатна состојба и такви политички неуспеси на избори можат да предизвикаат многу несакани последици“, прогнозира Тачи.
Халими најверојатно ќе биде единствениот кандидат на Албанците за претседател на Република Мкаедонија, откако од ДУИ претходно најавија дека нема да излезат со свој и инсистираат на консензуален кандидат за претседател.

Слично