Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДПА ги напушта преговорите?

ДПА ги напушта преговорите?

Револтиран поради тоа што точките важни за Албанците воопшто не дошле на дневен ред во преговорите, лидерот на ДПА, Мендух Тачи е на чекор да го напушти пржинскиот договор.

„Сега сме блиску да излеземе од дијалогот и да кажеме јавно дека ништо не се разговарало за Албанците. Човечки е да ве натераат да потпишете, но човечки е и да признаете дека сте згрешиле. Ако тоа го направиме нашите одлуки ќе бидат самостојни"- изјави Тачи.

Тој смета дека ако се прифател нивниот првичен предлог за организирање на Попис на населението со цел да се обезбеди веродостоен Избирачки список, оваа ситуација ќе се избегнела.

Тачи смета дека е бесмислено е да се надеваме дека ќе се ичсити избирачкиот список за 10 или 15 дена, кога 7 месеци се потрошиле за други работи.

Конечната одлука лидерот на ДПА ја најавува за многу скоро, а вели ДПА може со своите ставови и да ги фрапира останатите.

Слично

Поврзани вести