ДПА деновиве ќе соопшти дали ќе учествува на јунските избори
Демократската партија на албанците во наредните денови ќе го изнесе својот конечен став по одлуката за распуштање на парламентот, велат од партијата .
Засега остануваме на изјавата која лидерот на ДПА Мендух Тачи ја даде по средбата со Директоратот за проширување на ЕУ Кристијан Даниелсен, како и во согласност со меѓународната заедница која ја сметаме како главен гарант за фер и демократски избори .
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, пред два рече дека е поважно да се исполнат условите и пораките од меѓународните претставници отколку датумот на кој ќе се одржат изборите.
„Важно е дека треба да ги сфатиме јасните пораки од меѓународната заедница дека треба да се исполнат условите, независно за кој датум зборуваме и сите треба да размислиме за оценката која треба да им ја дадеме на тие избори. Мислам дека ова е еден премногу проѕирен трик, ако лошите си отидоа, тогаш лошото остана“, рече Тачи.
Г.Ч.
