Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДПА: Албанците од Македонија не сакаат да користат српски амбасади

ДПА: Албанците од Македонија не сакаат да користат српски амбасади
Демократската партија на Албанците го осуди потпишаниот договор со Србија за заемно користење на дипломатско -конзуларните претставништва на двете земји. Според ДПА, документот кој вчера го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и на Србија, Никола Попоски и Ивица Дачиќ, и со кој треба да се заштеди и рационализира дипломатската служба, е всушност понижувачки и штетен за Албанците. „На денот кога албанската држава го отвори своето прво заедничко дипломатско претставништво со Косово, и владата на Македонија потпиша сличен договор, но со Србија. Тоа што го започна пред една година, вчера ДУИ го запечати, со што граѓаните Албанци кои работат во европските и во прекуокеанските земји ќе бидат принудени да чекаат ред на шалтерите на кои најверојатно ќе бидат вработени дипломати од српската држава! Како резултат на потчинетата политика на ДУИ во Владата, Албанците од Македонија освен што се соочуваат со Србите по улиците, каде српските полицајци патролираат како резултат на уште еден договор што беше потпишан од страна на оваа влада, сега ќе мора да се соочат со нив и во дипломатските претставништва“, изјави Садије Илјази од ДПА. Таа верува дека ваквиот потег води кон „пансловенска интеграција“, преку која Македонија се обидува да компензира за нереализираните амбиции за членство во НАТО и ЕУ. „И како сето тоа да не беше доволно, вчера двете влади, исто така, се согласија за втор заеднички состанок кој што овој пат ќе се реализира во Скопје, по неодамнешната што се одржа во Белград“, додаде Илјази.
Слично

Поврзани вести