Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дознајте на кој хороскопски знак ни една препрека на патот не може да го сопре

Дознајте на кој хороскопски знак ни една препрека на патот не може да го сопре
Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре. Се разбира дека станува збор за Стрелец. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата. Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалак и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Благодарение на неговиот натпреварувачки дух секогаш освојува бројни награди, медали и признанија. Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи. Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.
Слично

Поврзани вести