Дожд ќе ја расипе белградската воена парада и посетата на Путин?
Српските власти од утрово се на нозе за да го пречекаат високиот гостин, рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе престојува во неколкучасовна посета на Белград и ќе присуствува на воената парада во чест на ослободувањето на градот.
Парадата се најавува како спектакуларен настан и треба да е најголема смотра на српската војска од 1985 година.
Но, временските услови се закануваат да го расипат спектаклот. Од утрово во Белград врне дожд, што ги стави српските служби во мобилност за да се обезбедат услови за одржување на манифестацијата.
Метеоролозите најавуваат дожд во текот на целиот ден денеска. Дополнителни нервози кај граѓаните се очекува да предизвика и изменетиот сообраќаен режим од безбедносни причини.
Голем дел од сообраќајниците во Белград ќе бидат затворени додека Путин е во земјата, а веќе од утрово има огромно доцнење и на возовите од внатрешноста. Додека слета рускиот претседател српското небо ќе биде затворено за сообраќај.
Слично
