Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЖДОТ ЈА ПОПРЕЧУВА СЕИДБАТА – Влагата ќе удри по медот, житните култури, но и гравот е загрозен

ДОЖДОТ ЈА ПОПРЕЧУВА СЕИДБАТА – Влагата ќе удри по медот, житните култури, но и гравот е загрозен

Невообичаените температури и дождот кој овие денови е карактеристичен за нашата земја можат да го загрозат производството на житни култури и на грав, но и производството на мед.

Упатените во проблематиката укажуваат дека дождовите кои овој период не зафатија најштетно засега се одразуваат врз пролетните сеидби, бидејќи не дозволуваат земјоделците да ги обработат нивите, ниту да ги засадат планираните култури.

- Површинската влага е висока и поради тоа неможе да се сади во нива,не се работи. Поради тоа некои посеви остануваат незасадени. Дождот ги одложува сеидбите особено на пченката и гравот. Дури и оние кои деновиве успеале да засадат се во незавидна позиција бидејќи од дождот посеаното не успева да никне. Дождот им го затепува засеаното и растенијата не можат да никант – потенцира Ангелко Ангелески, агрометеоролог при Управата за хидрометеоролошки работи.

Ангелески потенцира дека ваквото време особено негативно се одразува врз пчелите, кои поради дождот сега не можат да излезат и да собираат полен иако дел од дрвата се токму сега во пол ек.

- Иако годинава почна позитивно за пчелите, кои успеаа добро да зацврстат, дождот и ниските температури ги попречуваат да излезат и да се хранат. Тоа може негативно да влијае врз пчелните семејства и врз приносите со мед, особено што ваквото време се очекува да се задржи и во следните денови, а дури и да се интензивираат дождовите од понеделник – појаснува Ангелески.

Агрометорологот за Фактор посочува дека дождовите во овој период од годината се позитивни само за акомулациите кои поради сушата изминатиот период биле поиспразнети, а сега веќе добиваат во волумен.

- Засега не се очекуваат штети врз веќе засадените култури, влагата во почвата се уште не е преобемна за да предизвика угинување. Овие денови се очекува утре малку посуво во утринските часови, па попладне пак дождови, и во викендот ќе имаме пак бранови, суво, па дожд. Но, проблематично е што од понеделник се очекува засилување на дождовите. Опасноста при влага во почвата во овој период е што може да се појават и штетници, кои особено ги напаѓаат житните култури и кои се шират поради влагата. Затоа е потребно земјоделците да ги заштитат културите од штетници, да се третираат од инсекти, бидејќи тие може да направат големи штети – укажува Ангеловски.

Агрометеорологот посочува и дека не се очекуваат дополителни штети врз овошките, бидејќи не се очекуваат минусни температури. Појаснува дека штетите од мразот се пред се во проретчување на плодовите, но тие не мора да се одразат негативно на приностите, бидејќи вели може да израснат плодовите и приносите да бидат пак исти како претходните години.

Петранка Огнаноска

Слично

Поврзани вести