Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доволна ли е една просечна плата за потребите на четиричлено семејство?

Доволна ли е една просечна плата за потребите на четиричлено семејство?

Најновите податоци велат дека платите во регионот бележат пад, освен кај нас.

Најмногу платите паднале во Словенија и Србија а најмалку или не забележале пад платите во Македноија.

Просечната плата во Словенија во август паднала за  12,25 евра или на 995,85 евра, со што отишла под „магичната граница“ од илјада евра за разлика од март кога била 1.008,10 евра.

Во Србија според податоците од септември просечната плата била помала од онаа која е исплатена во април и изнесува 365,20 евра, а во април изнесувала 376.15 евра.

Просечните плати паднале и во Хрватска и БиХ  и во Црна Гора.

Податоците велат дека во Хрватска платите паднале за 5,68, во БиХ е забележан пад од 3,10 евра , додека во Црна Гора просечната плата е помала за едно евро.

И покрај растот на просечната плата кај нас од 11,38 евра и понатаму сме на последното место по висина на просечна плата во споредба со соседите.

Анализата покажала дека во јули Македонецот во просек примил 362,37 евра, а во март тој износ бил 350,99 евра.

Податоците на Државниот завод за статистика пак велат дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015, била 21 882 денари.

Зголемена плата е забележана во неколку сектори Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни, научни и технички дејности (7.6%), Објекти за сместување и сервисни  дејности со храна (5.2%) и Информации и комуникации (4.4%).

Во август годинава, 1.2%% од вработените во Република Македонија работеле, а не примиле плата.

Се поставува прашањето дали една македонска просечна плата, која е на последно место по иснос за разлика од соседите , е доволна едно четиричлено семејство да преживее ?

Слично

Поврзани вести