Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОВОЛЕН БЕШЕ САМО ЕДЕН ПОВИК: Еве колку долари собра Украина во криптовалути

ДОВОЛЕН БЕШЕ САМО ЕДЕН ПОВИК: Еве колку долари собра Украина во криптовалути

Украинската влада собра речиси осум милиони долари во криптовалути, откако повика на донации во биткоини и други дигитални токени на социјалните мрежи, објави аналитичката компанија Elliptic.

На официјалниот Твитер профил во саботата, украинската влада повика на донации во криптовалути и објави адреси за дигитални паричници, е-паричници, т.е. услуга која овозможува плаќање, обично преку мобилна апликација.

Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров ја објави адресата на е-паричникот на Твитер:


„Бидете со народот на Украина. Сега прифаќаме и донации во криптовалути“, напиша Федоров, исто така министер за дигитална трансформација.

Украинските власти објавија дека прифаќаат донации во криптовалутите bitcoin, ethereum и USDT.



Слично

Поврзани вести