ДОВЕРБАТА ПАДНА: Брегзит развеа оптимизам
Довербата на потрошувачите во еврозоната во јули се влоши, откако Велика Британија гласаше за излез од ЕУ.
Индексот на доверба на потрошувачите во јули паднал на минус 7,9 поени од ревидираниот минус 7,2 поени од јуни, соопшти Европската комисија.
Економистите предвидувале пад на индексот на минус осум поени.
Во Британија, потрошувачката доверба евидентирала најголем пад за последните 21 година, после исходот од британскиот референдум и одлука на Британија да излезе од унијата, покажаа објавените податоци.
Слично
