Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОВЕРБА ВО КОМПАНИЈАТА И БИЗНИСОТ: Живко Мукаетов купи 500 акции на „Алкалоид“

ДОВЕРБА ВО КОМПАНИЈАТА И БИЗНИСОТ: Живко Мукаетов купи 500 акции на „Алкалоид“

Првиот човек на нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, Живко Мукаетов, купи 500 обични акции од компанијата со која раководи.

За ова информираше самата компанија, преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата. 

„Извештај за промена на сопственост на член на Управниот одбор и лица со посебни одговорности и овластувања 

Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, се вели во објавата на компанијата. 

Кога раководните лица купуваат акции во компанијата со која менаџираат, тоа значи доверба во нејзиниот бизнис и очекувања и за нејзин натамошен просперитет и раст. 

Слично

Поврзани вести