Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

„ДОВЕДЕНИ СМЕ ВО СОСТОЈБА ЈАС И КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ ДА БИДЕМЕ НАДЗОР И ЕДНАШ НЕДЕЛНО ДА ИМАМЕ ТЕШКИ ДИСКУСИИ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Министерот Николоски, ексклузивно во „Бизнис муабети“ на Фактор

Александар Николовски, министер за транспорт и врски, вицепремиер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во Бизнис муабети на Фактор.мк. 

Во разговорот тој откри дека автопатот Кичево - Охрид, ќе биде готов до 2026, а 40 километри од делницата ќе биде готова до почеток на летна сезона. Објасни точно во кои делови ќе има потешкотии.


„Надзорот на работата на Бехтел и Енка не си ја знае работата, па сега сме доведени во состојба јас и Коце Трајановски да бидеме надзор и еднаш неделно имаме тешки дискусии со Бехтел и Енка“, вели Николоски.

Сепак, признава дека на конзорциумот за 2025 е предвидена исплата на 120-130 милиони евра, но ќе зависи се од динамиката. 

 Николовски поднел кривични пријави за злоупотреби, а во друг случај на директорот на бирото за јавна безбедност му предал документи за соменавања за упад во електронскиот систем за градежно земјиште. 

„ Кога влегов во министерство наликуваше како да сум во фирма во претстечајна постапка. Со Виктор Орбан сме пријатели и тоа не го кријам, теорија на заговор се информациите дека Орбан бара од нас да го вратиме Грувски, тоа не е точно“, вели тој.

За градоначалничката Арсовска, рече дека не може сите во оваа дражава да имаат одговорност, само градоначалник не и призна дека таа е грешка на ВМРО-ДПМНЕ.


 Данела Арсовска е наша грешка, а на прашањето дали Златко Перински или Орце Ѓоргиевски се следни кандидати за градоначалник на Скопје, Николовски вели дека е рано сеуште. 




Слично

Поврзани вести