Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доцни грчката програма за приватизација

Доцни грчката програма за приватизација
Со нови одложувања се соочува грчката програма за приватизација, затоа што се уште не е потпишан договорот меѓу Владата и меѓународните кредитори од кој зависи следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди еврa. Грчкиот фонд за приватизација ТАИПЕД постојано ги продолжува крајните рокови за да добие што повеќе време и за да ги подобри условите во купопродажните договори. По тринеделното продолжување на крајниот рок за изразување интерес за лотаријата ОПАП, фондот за 10 дена го продолжи и крајниот рок за тендерите за компаниите за природен гас ДЕПА и ДЕСФА. Во меѓувреме, доцнењето во докапитализацијата на грчките банки, која зависи од меѓународната помош, создаде дупка во финансирањето на приватизацијата, затоа што едена третина од вкупните трошоци на инвеститорите што ќе купуваат треба да биде покриена од домашни кредитори, другата третина од странски банки, а остатокот го покриваат инвеститорите од сопствени фондови.
Слично

Поврзани вести