ДОЦНАТ СМЕТКИТЕ ЗА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА: УЈП и МРТ го чешлаат списокот на плаќачи!
Граѓаните ги чекаат декемвриските сметки за Радиодифузна такса, кои сеуште не се дистрибуирани до обврзниците.
“Редовно ги плаќам сметките за РДТ, но еве веќе е средина на февруари а јас сеуште не сум ја добил сметката за декември. Немам инфрмација зошто е тоа така, но не ми е познато дали е можно да ми ја блокираат жиро сметката бидејќи не сум платил, а тоа не е моја вина бидејќи јас ги немам сметките за РДТ“, вели еден скопјанец.
Од Управата за јавни приходи потврдуваат дека сметките за РДТ сеуште не се дистрибуирани до граѓаните со образложение дека се прави, односно дека во тек е проверка на базата на податоци за РДТ.
“Ве информираме дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, решенијата за Радиодифузна такса ќе бидат доставени до обврзниците во наредниот период“, велат од Управата за јавни приходи.
На прашањето дали граѓаните може да се соочат со блокада на сметките поради нередовно плаќање, од УЈП посочуваат дека сите граѓани при евентуална блокада најпрво се опоменуваат за заостанат долг кој се нотира во самите сметки, а сметките, со објаснување дека во случајов станува збор за операција за проверка на податоците од страна на државните органи.
Токму регистерот на обврзници за РДТ досега беше причина за бројни примери во граѓани се соочуваа со блокада на сметки, за присилна наплата, иако за тоа немаше основ. На ова предупреди и Нардониот правобранител.
“РДТ се наплаќа на иселеници кои и по повеќе од две децении живеат надвор од земјава но и од социјално ранливи категории на граѓани. Итно е потребно да се прочисти регистерот на обврзници за да се поштедат граѓаните од дополнителните трошоци“, рече народниот правобранител Иџет Мемети.
Во 2013 година поради лошиот начин на формирање регистар на должници до народниот правобранител биле поднесени 100 поплаки.Во 2014 нивниот бројот се зголемил 4 пати а годинава бројот се зголемил за 100 %.Поради влошување на состојбите,Народниот правобранител до владата и парламентот доставил посебен извештај со предлог мерки за подобрување на состојбите.
Според последните податоци, во земјава има околу 500 илајди обврзници за радиодифузна такса. Големи реакции имаше и од фримите, кои исто така законски се обврзани да ја плаќаат.
ЈРП Македонска Радиотелевизија оваа година планира да се финансира од следните извори на средства: наплата на радиодифузна такса од која се проектирани приходи во износ од 860.000.000 денари или околу 13,9 милиони евра што е учество од 66,6 % во вкупно планираните приходи на МРТ, кои за годинава се на ниво од 21 милион евра.
Последната операција за присилна наплата на РДТ беше спроведена на крајот од минатата година, кога беа блокирани 27 000 граѓани. Голем револт кај граѓаните направи и дополнителниот трошок за да ги “одмрзнат“ сметките. Имено, за да ги деблокираат своите сметки,граѓаните требаше да платат и околу 1 400 денари. Од друга страна, додека по налог на МРТВ се спроведуваше присилна наплата, јавното радиодифузно дрштво се појави на листата должници на државата, по основ на доспеани а неплатени обврски.
Р.Ф.
Слично
