Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОЦНАТ ПЛАТИ И ОСИГУРУВАЊЕ: Машиновозачите и денес на штрајк

ДОЦНАТ ПЛАТИ И ОСИГУРУВАЊЕ: Машиновозачите и денес на штрајк

Машиновозачите ја бојкотираат работната обврска бидејќи се незадоволни од доцнењето во исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски.

Денес е третиот ден како железничкиот сообраќај е во застој.

Машиновозачите од МЖ Транспорт велат дека нема да ги исполнуваат работните задачи се додека не се оствари средбата што ја бараат, и не им се исплати целосно  платата за јули, додека за августовската плата тие побараа да се почитуваат  законските одредби за исплата најдоцна до 25 овој месец.

Поради штрајкот трпат најмногу граѓаните кои купиле повратни карти, а сега не можат да ги реазлизираат бидејќи сите линии од Скопје кон остантите градови се во застој.

Слично

Поврзани вести