„Достоинство“ на Стојанче Ангелов ја напушта коалицијата со СДСМ
Партијата „Достоинство“ на Стојанче Ангелов ќе излегува од Сојузот на иднината. Според најавите кои стигнуваат од претседателот Ангелов, одлуката за напуштање на коалицијата е конечна, а била донесена уште пред една недела.
Засега како главна причина се наведува тоа што Ангелов имал спротивни ставови од новиот лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во однос на многу значајни прашања.
Деталите за тоа сошто „Достоинство“ се решава на ваков чекор ќе бидат изнесени во текот на денот.
Слично
