Економија, финансии, бизнис

Контакт

Достигнати нови длабочини на пештерата Врело

Достигнати нови длабочини на пештерата Врело
Полскиот нуркач Кшиштоф Старнавски го надмина рекордот на италијанецот Луиџи Казати кој беше еден од првите авантуристи за истражување на длабочините на пештерата Врело кај Матка, можеби една од најдлабоките од ваков вид во Европа. Новата експедиција беше подобро подготвена за водените длабочини и достигнати се рекордни 230 метри.
„Денес нуркањето беше апсолутно добро поради достигнатата длабочина. Стигнав до долната главна пештера и навлегов во неа уште подлабоко“, објави Старнавски.
Подвигот на Кшиштоф Старнавски се подготвувал речиси цела недела со планови за спуштање, добивање на храна и вода, спремање на тимовите за поддршка и подготовка за декомпресија. Сепак, оваа и претходните експедиции откриваат дека Врело се уште не го покажало свое дно.
Слично

Поврзани вести