ДОСТА МУ Е ОД СЕ: Безос се откажува од директорската функција во Амазон, на негово место доаѓа некој кој му е важен
Безос, чиј имот се проценува на 167 милијарди долари, нема да ја напушти компанијата.
Основачот на Амазон, 57-годишниот Џеф Безос, изјави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на 5 јули и ќе биде заменет со еден од неговите соработници, Енди Џејси.
„Тој датум има сентиментално значење за мене“, рече Безос, потсетувајќи дека на тој ден во 1994 година, пред 27 години, е основана корпорацијата Амазон, пренесува АП.
Безос, чиј имот се проценува на 167 милијарди долари, нема да ја напушти компанијата, туку ќе се посвети на развојот на нови производи и иницијативи, а ќе биде ангажиран во својата вселенска програма на Blue Origin, како и во неговиот дневен весник Вашингтон Пост.
Слично
