Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доста е од билдање на јавната администрација, како да се стимулира вработување во приватниот сектор?

Доста е од билдање на јавната администрација, како да се стимулира вработување во приватниот сектор?

Кои се луѓето што добија работа  во Македонски шуми - партиски војници или вистински социјални случаи? Додека власта тврди дека  постапката за избори била регуларна и работа добиле оние кои ги исполнувале критериумите, опозцијата изрази сомневање дека наместо вистински социјални случаи се вработуваат партиски послушници.

И покрај критиките за гломазна администрација што Европската комисија со години ги упатува за Македонија, сепак вработувањета под државна капа не запираат. Само на последниот оглас, под превезот дека се работи за социјална категорија на луѓе на кои им е неопходна егзистенција државната администрација се зголеми 1600 нови вработени. Бизнисмените сметаат дека – стопанството тоа не може да го издржи, во време кога бројката на вработените во неприватниот сектор се движи до фантастични, за македонски услови 150 000 луѓе.

„Добро е кога се вработуваат луѓе кои се припаѓаат на социјалната категорија, оние кои се најранливи. Но, морам да кажам дека воопшто не е добро кога тие луѓе ќе се вработат во државната администрација, особено кога веќе долго време наназад, постојано имаме предупредувања од ЕУ ноторани во извштаите што оттаму ни стигаат дека треба да ја намалиме администрацијата и да ја направиме ефикасна. И наместо тоа ние сега дополнително ја оптоваруваме администрацијата. Мислам дека тоа не е најдоброто решение за никого“, вели за Фактор, Горан Рафајловски од Стопанската Комора на Македонија.
Рафајловски како претседател на Стопанската комора на Град Скопје најавува дека до владата ќе испорача барање за одредени мерки кои ќе бидат во насока на помош на компаниите кои редовно си ги плаќаат придонесите за вработените и редовно си ги сервисираат обврските. Наместо вработувања во државната администарција, власта да обезбеди одредени поволности за оние компании кои ќе вработат нови кадри. Но, при тоа поволностите да важат само за компаниите кои редовно си ги подмируваат сите обврски по сите основи.
„Досега поволности имаше само за компаниите кои имаат неплатени придонеси, долгови по различни основи кон државата и вработените. За овие компании се носеа мерки со кои им се помагаше. Сега е време власта да се сврти и кон компаниите кои се реодвни плаќачи. И нашиот предлог ќе биде, тие компании да може да вработат нови кадри за кои државата ќе ги плати придонесите во рок од две години, а компанијата да има обврска да го задржи тој вработен потоа само уште една година, вели Рафајловски и додава дека тоа не значи дека работникот ќе биде отпуштен по таа година, но дури и да се случи тоа, работникот ќе може полесно да најде следна работа со оглед дека веќе има искуство во одредена фирма.
На овој начин власта треба да ги мотивира и граѓаните и стопанството вработувањата да бидат во приватниот сектор, а не во јавната администарција, смета Рафајловски. Препукувања меѓу власта и опозицијата

Препукувањата меѓу власта и опозцијата за тоа кои се луѓето што се вработени во Македонски шуми, партиски војници или вистински социјални случаи – не запираат? Опозицијата излезе со список на луѓе кои добија работа во Македонски шуми, а кои според сознанијата на опозицијата не се социјални случаи туку активисти и членови на владејачката партија.А некои од нив пак според опозицијата имаат и сопствени бизниси и не се социјални случаи.

 „СДСМ бара јавни одговори како меѓу вработените од Гостивар, во групата на самохрани родители е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга,  сопственичка на фризерски салон, а и тој самиот има приватна фирма.  Како, според нашите податоци од теренот, од Свети Николе се вработени 21-но лице, сите до еден поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ? Како од Карбинци е вработено лице кое веќе работи во конфекција, кој има сопруга, која исто така зема плата од работа во конфекција? Со нив живее и мајка му која прима пензија, а поседуваат и сопствен автомобил? Или, од истата општина, е вработен човек кој живее со мајка пензионерка, работат ниви, имаат стан во Штип и автомобил? И сите се членови на ВМРО-ДПМНЕ?! Како од двете вработувања во Вевчани и двете се членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ? Едната и претходно вработувана со договори за дело во јавни претпријатија за партиски заслуги? Како од 44-рицатата примени од Охрид, во Македонски шуми, 9-мина воопшто не постојат? Исто како што меѓу 30-темина примени од Струмица, дури 12 НЕ ПОСТОЈАТ? Воопшто не постојат нивните имиња“, изјави Хари Локвенец од СДСМ. СДСМ  бара да се објави ранг листата на сите што се пријавиле бидејќи според опозоцијата со необјавувањето на ранг листата на луѓето кои не добиле работа во „Македонски шуми“, а се вистински социјални случаи, одземено им е правото на приговор. Според опозицијата власта си поигрува со социјалата, на која што целата надеж пред неколку дена и беше во телевизорите и ЛОТО ШОУ, од кое беа извлечени мнозинство среќници, ама најмалку социјалци. Бројката од пријавените 23 илјади граѓани за вработувањата во Македонски шуми покажува дека власта на ВМРО-ДПМНЕ продуцира сиромаштија, која е и предмет на манипулации на истата оваа власт, реагираа од опозицијата. Власта ги отфрла обвинувањата Власта ги отфрла таквите обвинувања, со став дека доколку имало некакви неправилности тие ќе се увидат со жалбите и ќе бидат елиминирани.. Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Владата ќе спроведе ревизија на процесот на вработување во „Македонски шуми“, појасни дека приемот на 1.600 лица не подразбира нивно вработување во „Македонски шуми“ туку распределба во сите државни институции. Тој истакна дека во „Македонски шуми“ веројатно ќе останат 50 или 60 лица од овие 1.600, а сите останати ќе се распределат по другите институции.

„Македонски шуми“ во овој случај е само портата за влез во државната и јавната администрација. Така што кога ќе ги добијат решенијата ќе добијат решение за „Македонски шуми“ и веднаш решение за таму каде што ќе бидат распределени. Тоа беше направено заради полесно менаџирање на процесот, додаде премиерот Никола Груевски.

С.Н.
Слично

Поврзани вести