Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДОСТА БЕШЕ: Над 158 илјади половни автомобили влегле во Македонија за 4 години!

ДОСТА БЕШЕ: Над 158 илјади половни автомобили влегле во Македонија за 4 години!
За време додека траеше увозот на возила со ЕУРО 2 стандардот, во текот на минатите четири години, во Македонија влегле вкупно 158.512  половни автомобили. Најголем увоз е направен првата годинам односно во 2010 година. Тогаш се увезени 51.399 стари автомобили. Наредните години, се намалува увозот на стари автомобили во земјава. Во 2011 година, вкупната бројка на увезени половни автомобили е 34.326, во 2012 28.546 возила, а во 2013 година од странските пазари се купени 29.560 половни автомобили. Во целиот овој период купени се вкупно околу 20 000 нови автомобили, што значеше сериозен удар за импротерите на возила. Тие неколкупати бараа Владата да го забрани увозот на нестандардизирани стари автомобили, со образложение дека во Скопје последните мерења на штетните честички на воздухот покажаа оти загадувањето е 20 пати поголемо од дозволените граници, а дека еден од клучните фактори за ова се загадувањата што го предизвикуваат старите возила. Владата најавува дека од нова година веќе нема да важат поволностите за увоз на стари автомобили.
Слично

Поврзани вести