Економија, финансии, бизнис

Контакт

Доскоцил:Македонија водечка за границите, во регионот има радикализација

Доскоцил:Македонија водечка за границите, во регионот има радикализација

Македонија има водечка улога во обезбедувањето на границите, не само на Балканската рута за мигрантската криза, туку и во врска во Австрија и со Германија, изјави австрискиот министер за одбрана и спорт, Ханс Петер Доскоцил по денешната средба со министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Двајцата министри информираа дека по средбата во Виена минатата недела се подготвува заеднички документ со заеднички ставови на земјите од  Балканската рута,  за надминување на мигрантската криза. Овој документ австрискиот министер за одбрана ќе го презентира на министерскиот состанок следната недела во Луксембург. Министрите разговараа за справувањето со тероризмот и значењето на заканите од терористички напади што постојат во Европа.

„Се согласивме дека во рамки  на поширокиот балкански регион постојат тенденции за радикализација и треба понтензивно да работиме во врска со таа тема, не само на ниво на соработка на институциите, туку и со размена на информации во рамки на тие институции“- рече Доскоцил.

Министерот за одбрана Јолевски тврди дека Македонија има стратегија за справување со бегалската криза.

„Како АРМ и како Влада на РМ имаме стратегија за справување со мигрантите по затворањето на т.н. Балканска рута. Пред неколку дена ГШ на АРМ до мене достави нова стратегија во која се вклучени и други опции и АРМ е целосно подготвена за справување со оваа мигрантска криза“- изјави Јолевски.

Тој додаде дека се прави координација со партнерите и пријатели од ЕУ. Македонската армија од Австрија доби 15 визери за ноќно набљудување.

Слично

Поврзани вести